Брз и здрав оброк со нудли

Ако ви здодеа да купувате се и сешто за јадење додека сте на работа, направете си дома здрав и лесен ручек за носење. Ако сте вегераријанец или само сакате да јадете помалку месо, овој здрав рецепт е одличен за да си го донесете во канцеларија. Ви гарантираме дека колегите ќе ве гледаат со љубомора. Можете да направите неколку тегли што ќе ги чувате во фрижидер и ќе си обезбедите лесен ручек преку недела

0
466

Состојки:

лажица, зеленчукова бујон паста

лажица ферментирана паста од соја (мисо)

1/2 лажичка чили во прав

1/2 лажичка лук во прав

лажичка рендан ѓумбир

¾ шолја рендани моркови

¾ шолја сечкани печурки

шолја сечкан спанаќ

3 тврдо варени јајца (преполовени)

шолја нудли

3 лажици сечкан млад кромид

¾ лажичка сусам

3 шолји врела вода поделени на три дози

Приготвување:

  1. Најдете три стаклени тегли од литро ипол и ставете во секоја по пола лажичка бујон паста, мисо, чили и лук во прав и пола лажичка ѓумбир. Распоредете ги во слоеви морковите, печурките, спанаќот, јајцата и нудлите. На крајот ставете ги кромитчето и сусамот.
  2. За да се направи една тегла на тестенини, додадете 1 чаша врела вода за една тегла. Затворете ја теглата и промешајте па ставете во микробранова печка на 2-3 минути. Оставете да отстои 5 минути. Пред јадење, измешајте.
  3. Останатите две тегки можете да ги чувте подготвени во фрижидер.