Брза бисквит торта

Станува збор за многу едноставна и вкусна торта која се подготвува за брзо, но и уште побрзо се јаде.

0
4266

Станува збор за многу едноставна и вкусна торта која се подготвува за брзо, но и уште побрзо се јаде.

Состојки:

500 грама плазма или обични бисквити
4 жолчки од јајце
6 лажици шеќер
4 лажици брашно
0,5 литри млеко + млеко за потопување на бисквитите
1 ванилин шеќер
лажица путер

Приготвување:

1. Половината литар млеко, четирите лажици шеќер и путерот ставете ги да се варат. Жолчките од јајце измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко (колку да се направи смеса која ќе може да се прелива). Во згреано млеко полека прелијте ја смесата со жолчките мешајќи постојано. Оставете да се излади.

2. Натопете ги бисквитите во топло млеко и наредете ги на послужавник. Истурете го оладениот фил врз редот бисквити и од горе наредете уште еден слој бисквити. По желба можете да ја декорирате со шлаг направен од преостанатите белки.