Брза и кремава овошна салата

Во летниот период кога никому не му се јаде, најубаво ни „легнува“ овошна салата.

0
108

Состојки:

2 зелени јаболка исечени на парчиња

1 мала блага диња исечена на парчиња

Ананас (свеж или од конзерва) исечен на парчиња

½ чаша сушена брусница

½ чаша обичен јогурт

½ чаша крем од кокос

Прстофат сол

Приготвување:

Во поголем сад ставете го исечканото овошје, јогуртот, кремот од кокос и прстофат сол. Измешајте и послужете.