Брза паелја

0
536

Состојки:
600 мл ориз со кратко зрно
1,3 л пилешка супа
½ лажичка шафран
3 листа лавор
150 мл маслиново масло
1 голем кромид, сечкан
3 лажички лук, сечкан
1 лажичка мајчина душичка
½ лажичка чили
1 црвена пиперка, сечкана
225 гр лосос
115 гр грашок
3 лажички црвена пиперка
18 мали школки, исчистени
1 лажица сок од лимон
125 мл бело вино
5 лажици магдонос, сечкан
4 домати, сечкани
55 гр путер
кора од 1 лимон
сол, бибер
12 ракчиња
450 гр лигни, сечкани

Приготвување:

1. Сварете го оризот во пилешката супа со шафранот и лаворот.

2. Пропржете го маслиновото масло со кромид, 1 лажичка лук, мајчина душичка, чили и црвената пиперка, неколку минути.

3. Додајте ги лососот, грашокот и црвената пиперка и продолжете да пржите 6-7 минути, со често мешање.

4. За школките: Испржете ги со масло и лук, потоа додадете сок од лимон, бело вино и магдонос. Покријте ги и оставете ги додека се отворат. Тие што нема да се отворат тргнете ги.

5. Измешајте ги оризот, рибата и школките со доматите, путерот и кората од лимон, зачинете и покријте.

6. Испржете ги ракчињата со лук и масло, потоа додајте ги врз оризот. Служете веднаш.