Брза погача со ленено семе

0
560

Состојки:

1 кг брашно

1 квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

3 јајца

Урда

200 г путер

200 мл млеко

200 мл млака вода

Ленено семе за поросување

Приготвување:

  1. Замесете тесто со 2 јајца, брашно, квасец (ако е свеж, ставете го во топлото млеко со 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно и почекајте да надојде), млеко, вода, сол и шеќер.
  2. Оставете го тестото покриено околу 15 минути, а потоа направете од него три топчиња што ќе ги расукате во кори и ќе ги премачкате со омекнат путер и со смеса од урда и една белка. Завиткајте ги сите три кори во ролат и пресечете ги на парчиња па наредете ги во тркалезна тава. (Помеѓу парчињата ќе има празен простор, но при печењето, ќе надојдат па се ќе се пополни.)
  3. Премачкајте ги со жолчка и поросете со ленено семе. Ставете одозгора и по малку од путерот што ви остана.
  4. Печете околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.