Брза торта со, со, со…

0
281

 

Состојки:

1 шолја (од 250 мл) бело брашно

1/2 шолја интегрално брашно

1 прашок за пециво

1 јајце

Малку сол

3/4 шолја кокосов шеќер (или обичен)

1/2 шолја бадемово млеко (или обично)

1/4 шолја кокосово масло (или маслиново)

1 лажичка екстракт од ванила

2 шолји свежи јагоди исечкани на парченца

За декорација:

1 шолја свежи јагоди

1 павлака

1 ванилин шеќер

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени
  2. Намрсете го калапот за торта (24 или 26 цм) и поросете со брашно.
  3. Во еден сад измешајте ги јајцата, шеќерот, млекото, кокосовото масло и екстрактот од ванила, додадете ги брашната и пецивото, а потоа и исечканите јагоди.
  4. Ставете ја смесата во подготвениот калап и печете околу 30 минути
  5. Извадете од рерна и оставете добро да се олади.

Измешајте ја павлаката со ванилиниот шеќер и украсете ја тортата, а најгоре наредете свежи јагоди и поросете со шеќер во прав.