Брзо и без мака: Пита со сливи и со најубавиот фил

Франгипане е сладок фил од бадеми кој има долга слаткарска историја, а првпат се спомнува во Франција уште во текот на 17.век.

0
1101

За оваа пита не ви треба многу време, ниту пак голема вештина. Едноставна е за подготовка, а ако ги сакате сливите во кнедли, колачи, и пити, сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:

За тестото:

250 г брашно

130 г путер

50 г шеќер во прав

Сол на врв од ножот

1 јајце

1-2 лажици ладна вода

За франгипане филот:

150 г мелени бадеми

100 г путер

80 г кафеав шеќер

2 помали јајца

Сол на врв од ножот

1 ванилин шеќер

1 лажица рум

Пола лажичка цимет

И уште:

10-15 големи сливи

За поросување:

Шеќер во прав

Приготвување:

Направете го прво тестото. Ставете ги во сад брашното, шеќерта и солта, измешајте па додадете го ладниот и на коцки исечен путер. Со прсти изработете ги брашното со путерот сѐ додека не добиете убава песоклива смеса. Додадете јајце и една до две лажици ладна вода па замесете компактно тесто. Ако ви се лепи, додадете уште малку брашно и завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да одмори барем 30 минути.

Во меѓувреме направете го филот: ставете го во сад омекнатиот путер, додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер и сѐ измешајте добро со миксер. Потоа додадете ги јајцата и мешајте додека не се соединат со путерот. Потоа додадете ги румот, циметот и мелените бадеми и уште еднаш кратко измешајте. Ставете го во фрижидер да се стегне додека не ги приготвите сливите.

Измијте ги сливите и извадете ги семките, па скеоја исечете ја на четвртинки.

На хартија за печење расукајте го тестото, премачкајте го со филот, но оставете барем 8 см од работ. Распоредете ги рамномерно сливите, превиткајте ги рабовите од тестото навнатре за да не истече филот и вака подготвената пита префрлете ја во загреана рерна на 180 °C и печете околу 35-40 минути.

Извадете ја од рерна, почекајте да се олади и поросете ја со шеќер во прав.