Четири знаци дека на нашето тело му е потребен темелен детокс

Ако килограмите стагнираат, постојано сте натечени, имате лош здив и сте чувствителни на мириси, на вашето тело му е потребна помош. Еве зошто

0
583

Балансот е основа на здравјето на нашиот организам  и постојат низа секојдневни ситни, но доволни причини за дисбаланс во нашиот организам, а клучни се стресот и нездравиот начин на живот. Стресот често го активира ослободувањето на токсините кои го наручуваат балансот во нашиот организам и затоа е многу важно да го наслушнуваме своето тело за да увидиме дека тоа ни дава ситни знаци дека нешто навистина не е како што треба.

Постојат неколку знаци дека нашето тело има потреба за темелна детоксикација.

  1. Зачестена надуеност

Нашето тело на дневно ниво има потреба за празнење на натрупаните токсини и штетни материи што подразбира и празнење на цревата, барем еднаш дневно. Ако тоа празнење не се случи токсините се враќаат во крвотокот и прават дисбаланс во организмот, што доведува до надуеност и до отекување на целото тело.

За да ја спречите надуеноста и да го забрзате метаболизмот, важно е да ја подобрите физичката активност и да внесувате повеќе вода, но да пиете и билни чаеви со пробиотички својства.

  1. Лош здив

Лошиот здив е еден од првите показатели дека телото е полно со токсини. Лошиот здив настанува како последица од тоа што црниот дроб и цревата не можат ефикасно да се ослободат од токсините.

  1. Чувствителност на мириси

Натрупаните токсини во нашиот организам предизвикуваат силна реакција на мирисите. Кога нашиот црн дроб не може да се ослободи од токсини, често стануваме чувствителни на мирисите од надворешната средина, што се случува како последица од затворените патишта за детоксикација. Кога е процесот на детоксикација забавен, нашите сетила стануваат поизострени и почувствителни, па токму поради тоа е можно чувството на мачнина и главоболки.

  1. Килограмите стагнираат

Хормонскиот дисбаланс, неправилната исхрана, но и натрупаните токсини во организмот, се еден од главните виновници што нашите килограми не се симнуваат, дури и тогаш кога изгледа дека сме го вложиле сиот труд. Токсините како PCB, диоксин и други, се липофилни, што значи дека се задржува во масните клетки. Како последица од преоптовареноста на телото со токсините, може да дојде до неможност за топење на масните наслаги и во тој смисол и до неможност за губење на вишокот килограми.

Совет: Важно е да се подобри природната способност на нашето тело да се избори со токсините. Покрај некои од проверените начини за детоксикација на организмот, важно е да се намали и изложеноста на токсини.

Потрудете се да ја подобрите хидратацијата на својот организам и да внесете доволно течности, да ја подобрите физичката активност и да се потрудите да јадете свежи, органски намирници.

Фото: Pixabey