Чиа или ленено семе, како замена за јајца

Ако сте алергични на јајца, не ги сакате или можеби не ги јадете поради некои свои убедувања, не е невозмножно да ги замените во рецептите со чиа семе.

0
456

Чиа семето, како и семето од лен се едноставна замена за јајца во повеќето рецепти, а на овој начин обично ги користат веганите и оние кои се интолерантни на јајца.

Потребни состојки:

1 лажица мелено чиа семе

3 лажици вода

Приготвување:

Помешајте ја водата со мелеото семе и оставете ја смесата во фрижидер минимум 15 минути. Кога ќе добиете желатинеста смеса, слободно користете ја како замена за јајца во класичните рецепти во кои се користат јајца.

Фото: Pixabey