Чиа семе наместо јајца

0
373

Слично како и лененото семе, чиа семето создава слуз во допир со течност па се користи како згуснувач во фрапиња и во смути, а може да се сомели и во брашно и да се користи како додаток во мешавините за леб без глутен.

Во одредени рецепти може да се користи и како замена за јајца затоа што со својата лепливост ги поврзува останатите состојки. Во сите рецепти во кои се користат ленени семки можат да се користат и чиа семки. Одлични се за изработка на каши и пудинзи.