Чиабата со магдонос

0
928

Состојки:
1 леб чиабата
1 китка магдонос
1 младо лукче, сечкано
3 лажици маслиново масло
сол

Приготвување:
1. Пресечете ја чиабатата на половина по должина.

2. Направете смеса од сечканиот магдонос, лукчето, солта и маслото. Ставете ја рамномерно во јазот од исечената чиабата. Потоа исечете го лепчето на кришки.

3. Завиткајте ја чиaбатата со хартија за печење и печете 10-15 минути на 150 степени. Служете веднаш.