Чили од сладок компир и црн грав

Направете двојна доза од овој брз вегетаријански чили па и за следниот ден ќе имате ручек кој нема да ви здодее.

0
325

Состојки:
1+2 лажици маслиново масло
1 средно голем сладок компир, излупен и исечен
1 голем кромид ситно исечкан
4 чешниња лук
2 лажички чили во прав (според вкусот можете да ставите и помалку и повеќе)
4 лажички мелен ким
1/4 лажичка сол
2 1/2 шолји вода
1 конзерва црн грав
Свеж домат или готов густ сок од домати
4 лажички сок од лимон
кориандер по вкус

Приготвување:
1. Ставете масло во тенџере на средна температура и додадете ги исечканиот компир и кромидот и пропржете ги додека не почнат да омекнуваат. Додадете ги лукчето, чили, ким и сол и гответе уште 30 секунди.
2. Додадете ја водата, покријте го тенџерето и гответе околу 10-12 минути додека компирот не биде сварен.
3. Додадете ги гравот, доматот и сокот од лимон. Зголемете ја температурата и често мешајте.
4. Намалете ја температурата и оставете да се вари околу 5 минути. Додадете го кориандерот и промешајте.