Чипс од тиквички

0
1358

Чипсот од тиквички е поздрава верзија од вообичаениот чипс затоа што тиквичките се полни со витамин Ц и со манган. Затоа вооружете се со тиквички и направете си го на едноставен и лесен начин овој хранлив чипс.

Состојки:

2 тиквички

2 лажици маслиново масло

1 лажичка сол

Зачини (црвен пипер, куркума, црн пипер и лук)

Приготвување

  1. Загрејте ја рерната на 110°C, a тиквичките исечете ги на тенки тркалца и наредете ги врз хартија за печење. Премачкајте ги со маслиново масло и зачинете ги.
  2. Печете ги 40-45 минути, извадете ги од рерна и оставете ги сосема да се оладат пред да ги послужите.