Чизкејк на поинаков начин

Наместо класичен колач, направете го вашиот омилен вкус на еден поинаков и поздрав начин

0
141

Состојки:

24 големи свежи јагоди

1 пакување крем-сирење на собна температура

1/2 шолјичка шеќер во прав

1 лажичка екстракт од ванила

1/2 шолја свежи боровинки

Приготвување:

Пресечете ги врвовите од јагодите како на фотографијата

Направете засек во форма на буквата X, но внимателно да не ги засечете до долу.

Измешајте ги крем-сирењето, шеќерот во прав и ванилата се додека не станат компактни.

Со помош на шприц полнете ги јагодите со оваа смеса и на врвот од секоја ставете свежа боровинка.

Оставете ги во фрижидер најмалку еден час пред да ги послужите.