Чизкејк со праски

Еве уште една варијанта на овој омилен десерт која не се пече

0
244

Состојки:

За подлогата:

250 г дигестив кекси

125 г стопен путер

За кремот:

500 г крем сирење

5 дцл павлака за шлаг

6 лажици шеќер во прав

200 г свежи праски

Приготвување:

Обложете го калапот (или модли за колачи или мафини) со хартија за печење. Кексите смелете ги и додадете им го растопениот путер. Втиснете ја смесата во калапот.

За кремот помешајте ги сите состојки, па додадете ги праските кои претходно сте ги исечкале. Мешајте уште малку па истурете го кремот врз подлогата и украсете го со свежи праски.