Чизкејк во чаша со калинка и шумско овошје

Кога не знаете што да направите за десерт, тука е секогаш чизкејкот во чаша, едноставно, а вкусно.

0
613

За овој десерт ви треба само половина час, а потоа можете да уживате.

Состојки:
За подлога:

50 г интегрални кекси
25 г путер омекнат на собна температура

Крем:

100 г кисела павлака

50 г свежо крем сирење

75 г слатка павлака
1 лажица шеќер во прав

Прелив:

250 г шумско овошје
1 лажица шеќер
1 лажица свежо цеден сок од лимон
зрна од калинка за украсување.

Приготвување:

Смелете ги кексите и помешајте ги со путерот.
Распоредете ја смесата во 3 сада или чаши и потиснете ја со облиот дел од лажицата, па оставете ја во фрижидер додека да го подготвите остатокот од десертот.
Слатката павлака изматете ја со шеќер во прав додека не стане цврста, додадете ја киселата павлака измешана со свежото крем сирење и се полека соединете.
Ставете ја кремата врз подлогата од кекси и оставете сѐ во фрижидер на најмалку еден час.
Во меѓувреме исечкајте го шумското овошје на ситно и префрлете го во лонче, додадете шеќер и сок од лимон и варете на тивок оган околу 10 минути со постојано мешање.
Оставете ја смесата да с еолади а потоа додадете ја врз кремот и вратете ги во фрижидер. По желба украсете со неколку зрна калинка.