Чоколаден безглутенски браунис без шеќер и без печење

Овој неверојатен колач е одличен пред се, заради вкусот, а и затоа што изгледа убаво, не содржи шеќер и глутен и не се пече.

0
551

Состојки:

300 г урми

200 г ореви

60 г какао

1 лажица екстракт од ванила

Вода

Малку сол

За глазурата:

40 г  какао

½ лажица екстракт од ванила

50 г јаворов сируп

2 лажици стопено кокосово масло

Приготвување:

Исчистете ги урмите од семки, смелете ги во блендер па додадете им ги мелените ореви, 60 г какао, 1 лажица екстракт од ванила и малку сол.

Полека додавајте и вода, колку што е потребно за да добиете компактна смеса.

Развлечете ја во тепсија о оставете ја во фрижидер да се разлади. Потоа прелијте ја со глазура од какао помешано со пола лажица екстракт од ванила, јаворов сируп и масло.