Чоколаден колач со бобинки

0
364

Состојки:

200 г путер
200 г кафеав шеќер
100 г црно чоколадо (80% какао)
75 мл рум или вишновка
1 лажица екстракт од ванила
250 г суво грозје
250 г рибизли
100 г суви брусници
100 г суви вишни
100 г суви кајсии
200 г брашно
1 прашак за пециво
100 г мелени бадеми
3 лажици какао
3 јајца

Приготвување:

1. Загрејте ги путерот, шеќерот, чоколадото, румот, ванилата и сувото овошје на тивок оган и мешајте додека шеќерот и чоколадото не се стопат а потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се олади.
2. Загрејте ја рерната на 150°C. Тепсијата за печење (20 cm) обложете ја со хартија за печење.
3. Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, бадмеите и какаото.
4. Додадете ги изматените јајца во топлата чоколадна мешавина и додадете ги сувите состојки со брашното.
5. Ставете ја смесата во тепсија и печете 1 час и 45 минути.