Чоколаден куглоф со сливи и ленено семе

Овој куглоф е ист како и секој друг, со тоа што сливите му даваат влажност, а лененото семе и црното чоколадо ви ја смируваат совеста затоа што уживате во колачот, ама барем е здрав

0
505

Состојки:
150 г црно чоколадо
2 лажици какао
200 г путер
400 г брашно
100 г сечкани оревчиња или лешници
100 кафеав шеќер или јаворов сируп
4 јајца
1 ванилин шеќер
2 супени лажици брашно

Приготвување:
1. Путерот и јајцата извадете ги од фрижидерот барем 1 час пред да го правите колачот.
2. Во подлабок сад изматете го путерот со шеќерот. Откако смесата ќе се изедначи, додадете ги жолчките (една по една) со постојано матење, а потоа додадете го брашното.
3. Откако се добро ќе се измати и ќе се добие изедначена смеса, додадете го чоколадото кое претходно сте го растопиле на пареа. Измешајте убаво.
4. Во посебен сад матете ги белките додека не добиете цврста пена.
5. Измешајте ги двете смеси во подлабок сад и додадете ги сечканите сливи, лененото семе и исечканите ореви или лешници.
6.Модлата за печење намачкајте ја убаво со путер, а потоа посипете ја со брашно и истурете ја смесата во модлата.
7. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.