Чоколаден куглоф

Ако не сте по правењето торти, а сакате уваба велигденска трпеза секогаш можете да направите куглоф. Тоа е навистина колач за сите пригоди. За Велигден ќе го украсите со мали чоколадни јајца и ете ви велигденски куглоф.

0
460

Состојки:

5 јајца

200 г шеќер

200 г путер

1 лимон

1 прашок за пециво

2 лажици какао

50 г црно чоколадо

100 мл млеко

600 г брашно

Чоколадна глазура:

100 г црно чоколадо

3 лажици јогурт

Приготвување:

Изматете ги белките во цврст снег. Во одделен сад изматете ги жолчките, шеќерот, омекнатиот путер, млекото, рендана кора од лимон, какао и стопено чоколадо. Додадете го брашното и прашокот за пециво, измешајте убаво, а потоа додадете ги белките и се заедно полека измешајте со лажица.

Премачкајте го калапот за куглоф со путер и ставете ја смесата па печете околу 45 минути во загреана рерна на 180 степени.

Кога ќе се олади колачот, прелијте го со глазура која се прави такашто ќе го стопите чоколадото на пареа па ќе го додадете јогуртот. Додека е глазурата се уште мека, залепете ги чоколадните јајца.