Чоколаден мус

0
658

Состојки:
За чоколадниот мус

30 г несолен путер
100 г темно чоколадо, на парчиња
3 јајца, одвоени
25 г шеќер
1 кратко еспресо

За бисквитите со ѓумбир
100 г путер, омекнат
80 г брашно
30 г шеќер
30 г пченкарно брашно
капка ванила екстракт
50 г свеж ѓумбир
2-3 коцки кристализиран ѓумбир, сечкан

За канидарана кора од портокал
1 голем портокал, само кората
80 г шеќер
150 г демерара шеќер

Приготвување
1. За мусот: стопете ги путерот и чоколадото на пареа. Измешајте ги жолчките со шеќерот и додадете ги во чоколадото. Потоа сипете го кафето.

2. Изматете ги белките цврсто и додадете ги во чоколадото и добро измешајте. Сипете го мусот во мали шолјички и држете ги во фрижидер 1-2 часа или цела ноќ.

3. За колачињата: Изматете го путерот, потоа додајте ги брашното, шеќерот и пченкарното брашно и добро измешајте. Додајте ги ванилата и ѓумбирот. Ставете топчиња со големина на лешник во тава за печење и со лажица направете тркалезна форма. Врз секое парче ставете од кристализираниот ѓумбир и печете 12-15 минути или додека станат златно кафени, на 180 степени.

4. За кората: Зовријте вода и додајте ја кората, нека зоврие кратко, па извадете ја. Повторете уште еднаш со нова вода. Потоа наполнете 150 мл вода, додадете го шеќерот и оставете да зоврие. Ставете ја кората и намалете го огнот. Варете додека водата се згусне во сируп, со повремено мешање. На крај, извадете ја кората и извалкајте ја во шеќерот демерара и украсете го мусот.