Чоколадни колачи за кои не треба да вклучувате рерна

Овие чоколадни колачи се богати, вкусни и здрави, а најголемата предност е што за нив, на ова топло време, не мора да вклучувате рерна

0
406

Состојки:

За подлогата:

400 г урми

120 г какао во прав

120 г бадеми

120 г ореви + 40 г исечкани ореви

За преливот:

90 г какао

90 г урми

160 мл кокосово млеко

55 г кокосово масло

¼ шолја топла вода

Приготвување:

За да ја направите подлогата ставете ги сите состојки освен исечканите ореви во блендер и мешајте додека не добиете паста. На крајот додадете ги сечканите ореви и ставете ја подлогата во калап за да добиете кора.

За прелив, смелете ги урмите во блендер, додадете млеко, какао и вода сѐ додека не добиете компактна смеса. На крајот помешајте го и стопеното масло од кокос. Ставете го филот врз кората о оставете да се олади во фрижидер.