Чоколадни мини тортички

0
390

Состојки:

За тестото:

4 јајца

2 филџани брашно

1 филџан шеќер

1 ванилин шеќер

2 филџани масло за јадење

1 филџан млеко

2 филџани мелени ореви

1 прашок за пециво

За филот:

200 мл млеко

200 г црно чоколадо

1 шлаг за украсување

Приготвување:

  1. Јајцата и шеќерот се матат. Се додаваат и останатите состојки.
  2. Изматената смеса се истура во подмачкан и набрашнет плех. Се пече на 220°С околу 25 минути. Откако ќе се олади од добиениот пандишпан со чаша се вадат парчиња во кружна форма, а тестото помеѓу нив се собира и се ситни со рака.
  3. Млекото, шеќерот и чоколадите се варат додека смесата не се изедначи. Во неа се додава иситнетото тесто и се филуваат тортичките. 4. Се украсуваат со шлаг.