Чоколадото е најдобро за појадок

0
1031

Иако знаеме дека е темното чоколадо добро за здравјето, во нормални количини, секако, многумина се уште имаме чувство на вина додека ја јадеме. Веројатно затоа што е генерално, тешко да се одолее и да се изедат само неколку коцки, кога пред нас има цели 100 грама.
Но, науката уште еднаш потврдила и го поттикнала јадењето на црно чоколадо. Имено, според истражувањата кои ги спровел универзитетот Сиракуза, црното чоколадо ги подобрува когнитивните функции на мозокот. Значи, подобро ќе памтиме, подобро ќе расудуваме и подобро ќе се концентрираме.

Бидејќи ни е важно мозокот да функционира во текот на работниот ден, научниците донеле единствен логичен заклучок: чоколадо е најдобро да се јаде за појадок!
Тие напоменуваат уште неколку ситуации во кои можете да си го олесните животот со чоколадо. Пред полагање на некој испит затоа што влијае на концентрацијата; пред спиење. Да, истото чоколадо кое наутро ќе ви овозможи мозокот да ви работи подобро, ќе ви помогне да се опуштите пред спиење. И трето, што веќе сите го знаеме, кога сме лошо расположени. Чоколадото го поттикнува создавањето на ендорфин, хормон што не прави среќни. Освен тоа, црното чоколадо помага во изградбата на мускулна маса, а влијае и врз слабеењето затоа што го забрзува метаболизмот.
Затоа, кога го бирате своето црно чоколадо, гледајте само да има поголем процент на какао, а помалку шеќер.