Циронки во градски услови

Овој преспански марифет кој се состои од свежа посолена,нанижана во низи и сушена на сонце белвица, очигледно успева и со некои градски марифети

0
376

Овој преспански специјалитет се подготвува од рибата белвица, но исклучиво од свежа риба. Традиционалниот начин на подготвување е следен: кога ќе се донесат рибите од езерото, добро ќе се измијат и без да се исчистат, цели, се солат обилно со крупна сол, па се редат во буре или во некој друг широк и длабок сад. На крајот се покриваат со големи листови од лобода и се потиснуваат со камења.

По една недела, се вадат и се нижат на конец, слично како и пиперките, и се сушат на сонце. Се оставаат на сонце неколку дена, се собираат во сад или во хартиени кеси и онака сушени, можат да се користат цела зима.

На Фејсбук се појави и фотографија на која се гледа како можете, доколку сте мераклии, наместо на сонце, да си ги сушите белвиците на градско парно на сушара за алишта, по можност, не истовремено.

Немаме информација каков е вкусот на вака подготвените циронки.