Црно чоколадо за здрави црева

Канадското истражување на Универзитетот во Отава покажало дека црното чоколадо може да го поддржи цревниот микробиом слично како и другите пробиотски намирници.

0
292

За здравствените придобивки на црното чоколадо многу се пишува, но дали знаевте дека таа коцкичка уживање се смета за пробиотик, што значи дека содржи влакна кои служат како храна за пробиотичките бактерии?

Канадското истражување на Универзитетот во Отава покажало дека црното чоколадо може да го поддржи цревниот микробиом слично како и другите пробиотски намирници, на пример, јогуртот, комбухата или темпехот. Затоа, во рецептите за колачи заменете го чоколадото за готвење со што погорчливо црно чоколадо, она со 70-80 проценти какао.

Фото: Pixabey