Дали би сакале да патувате и да дегустирате храна низ светот за плата?

Звучи како работа од соништата, но не е сон. Британската компанија Вибрант веган бара личност која за 66.000 долари годишно ќе патува низ светот и ќе дегустира храна, но се очекува и да ѝ помогне на компанијата да воспостави партнерство со странски компании.

0
145

Доколку егзотичната кујна и испробувањето на нови јадења се врв на секое ваше патување, тогаш компанијата Вибрант веган објавила конкурс за вашата работа од соништата.

Оваа британска компанија е во потрага по „шеф за вкусови“, личност која ќе патува низ светот и ќе испробува нова храна. На одбраниот кандидат ќе му бидат платени сите патни трошоци, сместување и храна како и 28 дена годишен одмор.

За годишна плата од 66.000 долари, тој ќе треба четири месеци да помине во земји како што се Индија, Кина, Турција, Чиле, Мексико и Јапоннија кадешто ќе запознава и ќе открива нови, егзотични состојки и рецепти кои компанијата ќе ги користи за своите производи.

Во текот на работната недела во траење од 35 часа од кандидатот се очекува да ѝ помогн на компанијата да воспостави партнерство с странски компании. Од компанијата Вибрант веган истакнуваат дека кандидатот мора да има најмалку три години искуство во работењето со храна или како готвач.

Компанијата е ориентирана на вегани. Од идниот вработен сепак не се бара да биде веган, но се бара да биде фокусиран на растителните состојки.

„Секогаш сме во потрага по нови таленти, зашто цврсто веруваме дека луѓето ја прават една компанија да биде успешна. Ова е многу единствена работа која без оглед на бројните погодности бара гоем ангажман. Постојат стотици состојки и рецепти ширум светот кои не се претставени во Велика Британија, па се надеваме дека нашиот иден вработен ќе инспирира нови и вкусни рецепти во нашата веганска понуда“, рекол оснивачот на компанијата Вибрант Веган Ијан Бурк-Хамилтон.

Фото: Pixabey