Дали е безбедно да се јадат жолчки со крвави дамки?

0
548

Кога нашите баби порано правеа торти со десетина јајца, ги кршеа одделно, едно по едно, внимавајќи да не се погоди некое со црвена дамка во жолчката. Имено, се веруваше дека овие јајца не се добри и дека значат дека е јајцето оплодено или дека кокошката била болна.

Но ништо од ова не е точно. Овие јајца не се расипани и слободно можете да ги употребувате, а доколку крвавата дамка ви пречи, можете да ја отстраните со врвот од ножот.

Ваквите крвави дамки можат да бидат предизвикани од пукнат капилар во јајниците на кокошката, што е последица од староста на кокошката и од видот на храната што ја јаде, но никако не е знак дека е болна или пак дека јајцето не е безбедно за консумација.

Во секој случај, вакви дамки често има во јајцата од органско (домашно) производство, додека пак оние кои ги купуваме во маркетите ги имаат поретко од причина што комерцијалните производители ги сортираат и оние сомнителните, наводно, не ги пласираат на пазарот.