Дали е безбедно да се пие кафе старо неколку часа?

Ако сте и вие од оние што знаат да го „тегнат“ утринското кафе со часови, прочитајте што велат за тоа познавачите

0
1357

Имате уште 2-3 часа до крајот на работното време и полека чувствувате замор…Во тој момент посегате по шолјичка сварено кафе кое ви стои на масата уште од изутрина. Ако се прашувате дали е тоа безбедно, еве го одговорот.

Што ако е тоа кафе со млеко?

Ако е добро затворено и ставено во фрижидер, млекото може да биде добро и една недела по истејкот на рокот, но ако го ставите во кафе и го оставите кафето во топла просторија повеќе од два часа, сварете си ново кафе.

Дали семенува вкусот на кафето?

Исто како што и зрната кафе остануваат свежи околу две недели, така и свареното кафе може да го смени вкусот после 30-тина минути, а потоа имате околу 4 часа пред да се „расипат“ маслата од кафето, што резултира со лош вкус на напитокот.

Дали микробрановата печка ќе ги уништи бактериите од кафето?

Микробрановата печка ќе ги убие бактериите, но со оглед на тоа што ја загрева содржината однадвор кон внатре, многу е веројатно дека неколку „пакетчиња“ бактерии сепак ќе останат, па не би требало да се потпирате на оваа техника.

Дали се расипува водата во која е сварено кафето?

Водата ги впива вкусовите од околината и со самото тоа тие се менуваат, но дури и ако не се чува покриена во фрижидерот, чаша вода мож да се испие и после неколку денови.

Дали е сигурно да се пие кафе „старо“ неколку часови?

Црното кафе е сигурно за пиење, иако веројатно нема да има еднакво добар вкус. Ако во него сте ставиле млеко, подобра идеја е да си сварите ново кафе, но ако сепак не сакате да го истурите кафето, тогаш сепак претходно загрејте го во микробранова печка.