Дали е паметно да се јаде чоколадо со истечен рок?

Ако чоколадото поминало низ различни температурни промени, голема е веројатноста дека повеќе не е безбедно за јадење. Имајте на ум дека промената на температурата овозможува раст на бактериите..

0
271

Се проценува дека секоја година се фрла половина од произведената храна, иако дел однеа може да се консумира и по истекот на рокот на траење, но треба да се биде внимателен.

Каков вкус има и како изгледа она по што може да се процени во каква состојба е чоколадото?

Ако најдете чоколадо на кое му истекол рокот на траење, прво треба да го проверите вкусот“, вели Брин Кирк, водителка на колегиумот на Chocolate University Online. Доколку чоколадото поминало низ различни температурни промени, голема е веројатноста дека повеќе не е безбедна за јадење. Имајте на ум дека промените на температурата овозможуваат раст на бактерии.

Кога чоколадото ќе се стопи, а потоа ќе го ставиме во фрижидер да се стврдне, настанува кондензација. Тоа создава атмосфера за сздавање и ширење на бактерии. Дури и ако не ги гледате, тие се тука.

Ако сте сигурни дека чоколадото не поминало вакви промени на температурата во последната година, слободно можете да го јадете, тврди Кирк.

Следната работа која треба да ја земете предвид е вксот, а тоа зависи од видот на чоколадото.

Ако станува збор за млечно чоколадо, малку е веројатно дека е добро за консумирање, затоа што нема да има добар вкус. Може да има дури и вкус на картон. Дури и ако сакате да го стопите и да го користите како прелив, млекото ќе даде грд вкус.

Безбедно е за јадење, но вкусот нема да биде добар. Од друга страна, темното чоколадо може сѐ уште да биде добро за јадење, но интензитетот на вкусот веројатно нема веќе да биде како претходно. Сепак, сѐ уште е сигурно за јадење. Кирк смета дека темното чоколадо на кое му истекол рокот е најдобро да се користи како глазура за колачи, пишува Medical Daily.

По својата дефиниција чоколадото е деликатес кој се добива со мешање на какао со поголема или помала количина шеќер. Покрај сето наведено може може да содржи млеко и суво овошје, ликери или креми.

Секое чоколадо кое во себе има млеко не смее да се користи по истекот на рокот. Особенотреба да бидат внимателни децата, трудниците, доилките и рековалесцентите.

Фото: Pixabey