Дали е сувото овошје добро за вас

И да и не. Еве на што треба да обрнете внимание за да го извлечете тоа што е најдобро за вашиот организам

0
662

На прв поглед, сувото овошје е „залак од соништата“ и многу практичен избор за ужина: вкусно е, лесно можете да го спакувате и да го земете со себе и (генерално) здраво е. Но сепак…не е сѐ баш толку совршено како што изгледа.

Сувото овошје содржи многу влакна…и калории…

Како и свежото овошје, дехидрираното е полно со витамини и антиоксиданси, но бидејќи е сушено, концентрацијата на сѐ е многу повисока отколку што е во свежата варијанта. Тоа се однесува и на влакната, кои се добри, но во поголеми количини можат да предизвикаат грчеви и надуеност, особено ако генерално, не јадете баш често намирници кои содржат влакна, пишува Women’s Health.

Исто така, сувото овошје има и повеќе шеќери а со самото тоа и повеќе калории. Дури и сувото овошје без додаден шеќер (кое е, се разбира, попаметен избор) може да ви направи проблеми со варењето поради големата количина шеќери. Што уште ги влошува работите? Сулфитите кои често се користат во преработката можат кај некои луѓе да предизвикаат диареја и главоболки.

Ако паметно одбирате, вкусното сушено овошје може да ви помогне да им одолеете на помалку здравите грицки и слатки. Ако сакате чишс, пробајте сушени јаболка или тркалца банана, ако ви се јадат гумени банани, одберете помеко сушено овошје како што се брусниците или сувото грозје на пример.

Важно е и како ќе го јадете

Пијте доволно вода. Влакната го подобруваат и го забрзуваат варењето. Но, исто така, собираат и вода. Како непријатна последица може да се јави констипација и затоа е паметно секогаш со сувото овошје да се напиете и чаша вода.

Не претерувајте со количината. Ако работите, земете си на работа само по една порција што би биле две парчиња (две сушени кајсии, две кришки сушено манго или круша) или две супени лажици поситно овошје како на пример, боровници или брусници.

Додадете и малку протеини. Ако на сувото овошје му додадете и некоја намирница богата со протеини, како што се јаткастите плодови или павлака, побрзо ќе се заситите и нема да претерате со количината.