Дали е туната опасна по здравјето?

Често посегнуваме по туна кога ни треба вкусен ручек набрзина, но еве колку туна смеете да јадете за да не се отруете со жива.

0
1937

Туната во конзерва е за многумина здрав и хранлив ручек набрзина, но малкумина знаат дека туната поради големата содржина на жива може да му наштети на здравјето.

Заради индустриското загадување, живата сѐ повеќе се таложи во организмот на рибите што живеат подолго. Оваа токсична супстанција е опасна за здравјето на нервниот систем, мозокот, срцето, бубрезите и белите дробови.

Меѓутоа, постојат два главни вида на туна кои содржат различна количина жива – пругаста туна skipjack (лат. katwuwonus pelamis) и бела туна Yellowfin (Thunnus albacares).

Количината на жива е 3 пати поголема кај белата туна па се препорачува децата над 6 години да јадат порција од 85 грама еднаш месечно, децата од 6 до 12 години, две порции од 125 грама, додека повозрасните, со исклучок на трудниците, можат да ја јадат оваа туна 3 пати месечно.

Притоа, на жените им се препорачува порција од 170 грама, а на мажите и до 225 грама.

На децата постари од 6 години им се препорачуваат три порции туна месечно, од по 85 грама, а поголемите деца и возрасните можат слободно да јадат конзерва пругаста туна еднаш неделно. Стручњаците истакнуваат дека најздрава конзервирана риба е лососот, затоа што е богат со омега 3 масна киселина, а не акумулира жива.