Дали кафеавиот шеќер во продавниците е всушност обоен бел шеќер?

Ова прашање си го поставуваат многу луѓе, па се запрашавме и ние и истраживме која е разликата помеѓу белиот и кафеавиот шеќер.

0
702

Веројатно многу луѓе купувајќи кафеав наместо бел шеќер се чувствуваат некако поспокојно затоа што сметаат дека е тоа поздрава варијанта, но истовремено, имаат и некој, барем мал сомнеж во врска со ова.

Затоа решивме да ја разјасниме дилемата.

Бел шеќер се добива со прецизен процес на отстранување на несаканите состојки од шеќерната репа. Она што останува се проѕирните кристали кои ги ги гледаме секогаш кога си го зашеќеруваме кафето или чајот. Последен процес кој му претходи на кристалниот шеќер е елиминирањето на меласата (густа кафеава течност). Токму меласата на кафеавиот шеќер му дава боја. Со други зборови, белиот шеќер пред да стане бел, бил кафеав.

Парадоксот во производството на шеќер е тој што при производството на кафеав шеќер на шеќераните им е поедноставно прво да произведат кристално бел шеќер (со отстранување на меласата) и потоа повторно да му додадат меласа. Кафеавиот шеќер содржи околу 4 проценти меласа.

Па така, кога ќе кажат дека кафеавиот шеќер е обоен бел шеќер, луѓето добиваат погрешен впечаток дека шеќерот е обоен со некој вештачки препарат, со некој злогласен додаток Е, а всушност му е додадена меласа.

Како и да е, шеќерот не е здрав без оглед на бојата, со тоа што, кафеавиот шеќер е поквалитетен од белиот, но ако сакате да бидете здрави, консумирајте го многу умерено.

Тука неизбежно е и прашањето зошто е дијабетесот болест на модерното доба?

Ние луѓето сме еволуциски испрограмирани да сакаме слатко. Пред 2.000 години не ни бил достапен шеќерот, а желбата за благо не терала да се храбниме со овошје кое е богато со витамини. Денеска овошјето го заменивме со шеќер кој му одговара на тој човечки нагон, но шеќерот, за разлика од овошјето, нема витамини. За да биде работата полоша, шеќерот ги троши витамините од телото, па затоа фруктозата и медот се сепак поздрава варијанта.