Дали овие призводи наскоро ќе исчезнат?

0
328

Глобалното загревање зема такви размери што стручњаците се загрижени за тоа дека одделни растителни култури, кои ги консумираме секојдневно, потполно ќе исчезнат.

Иако многумина се сѐ уште прилично незаинтересирани за состојбата во која човештвото ја доведе планетата, сѐ повеќе се зборува на оваа тема. За оние кои сѐ уште не ја сфаќаат сериозноста на состојбата, можеби треба најпрвин да се потенцира дека поради негрижата за планетата, сите ние би можеле да останеме без кафе и чоколадо?

Високите температури, долгите суви периоди, премногу обилните дождови, поупорните штетници и болестите на билките, се здружиле и го загрозуваат еден од најомилените напитоци ширум светот.

Во светот секој ден се пијат две ипол милијарди шолјички кафе. Од еколошка гледна точка производството на кафе е по малку контроверзно затоа што кога се садат плантажите со кафе, се сечат многу тропски дожделиви шуми што доведува до големи штети во екосистемите. Секако, за ова не се зборува многу  затоа што е кафето многу исплатлив производ (Тоа е после нафтата најисплатлив производ).

Еве кои други намирници се загрозени.

Чоколадо

Дали знаевте дека дури половина од чоколадите што се јадат ширум светот се произведуваат во две земји– Гана и Брег на Слоновата коска? Стручњаците предупредуваат дека порастот на температурата среде климатските промени влијаат неповолно на одгледувањето на какаото, кое е главна состојка на чоколадото и дека светското производство на чоколадо ќе биде прилично загрозено до 2030.година.

Риба

Многу видови риба се загрозени, а многу се загрозени, не само поради климатските промени туку и поради риболовот. Особено се загрозени лососот и пастрмката, кои зависат од ладните води, а глобалната температура расте. Покрај нив, загрозени се и рибите кои никогаш не го напуштаат океанот. Научниците веќе забележале дека големите риби повеќе не растат во онаа мерка во која раснеле порано, а некои се, во просек, дури 25 отсто помали.

Вино

Дури и оние делови од светот кои се познати по производството на најдобро вино, како што се делови од Франција и Калифорнија, веќе имаат полоши приноси. Високите температури траат подолго отколку порано, што ги уништува бербите и го лишува грозјето од клучната состојка: органските киселини. Добра вест е дека некои други делови од светот можат да го искористат порастот на температурите и да ги подобрат своите винарии.

Кикирики

За да напредуваат на кикириките им се потребни посебни услови, истакнува американската Национална администрација за океани и атмосфера, а тука спаѓаат одредена влажност на тлото и пониски подземни температури. Со оглед на тоа во кој правец оди природата, ако не смениме нешто, голема е веројатноста дека одгледувањето на кикириките ќе стане голем предизвик.