Дали се поздрави потемните или посветлите жолчки?

Иако постојат различни убедувања, бојата на жолчките не зависи од расата на кокошките, иако тоа може да влијае на бојата на лушпите.

0
478

Сите забележуваме кога јајцата имаат бледа жолчка, но и кога имаат речиси црвена или темно портокалова, обично кога сме ги купиле од луѓе кои самите чуваат кокошки.

Секако, вкусни се и едните и другите, но прашањето е зошто е бојата на жолчките различна?

Иако постојат различни убедувања, бојата на жолчките не зависи од расата на кокошките, иако тоа може да влијае на бојата на лушпите. Бојата на жолчките во целост зависи од начинот на исхраната на кокошките. Оние кои имаат портокалов пигмент во храната ќе имаат и потемни жолчки.

Не се дозволени никакви вештачки бои во храната за кокошки, но некои фармери додаваат природни пигменти за да ја засилат бојата.

Поцрвената боја на жолчките се постигнува со додавање на капсикум, а со додавање на пиперка се постигнува сличен ефект.

Она што се прашуваат поголем број од нас е дали е похранлива потемната жолчка? Можеби ќе се изненадите, но тоа нема никаква врска едно со друго. И бледата и темно портокаловата жолчка имаат исти хранливи вредности, однос на мастите и протеините иако потемните жолчки имаат малку повеќе витамини и помалку холестерол.

Некои пак се колнат дека колку што е жолчката потемна толку е јајцето повкусно. Можеби тоа не сте го забележале, но кога правите француски омлет за појадок, јајцата со потемна жолчка му даваат на омлетот пополн вкус. Без оглед на бојата на жолчката, јајцата се одличен извор на протеини во нашата исхрана.

Фото: Pixabay