Дали забележувате дека секојдневно се менуваат правилата за тоа која храна е здрава, а која не? (2 дел)

Секогаш ќе постои некој кој ќе проповеда, ќе ви зборува како да јадете и ќе ве бомбардира со страшни факти за лошата и добрата храна. Меѓутоа, се додека јадете широка лепеза храна, умереното земање на неколку „празни калории“ навистина не е голема работа, особено ако ви причинува задоволство.

0
235

(продолжение)

Во целата анализа, невозможно е да не се забележи и постоењето на следниот тренд во одделни развиени земји кој се однесува на тоа дека повеќето луѓе јадат намирници со шокантно ниски хранливи вредности, ниски во содржината на витамини и минерали, високи во содржината на шеќер, масти, сол, рафинирани масла или ултра-преработени намирници, со мала количина зеленчук.

При толкувањето на овие податоци, воведувањето на „чиста храна“ кај таквите, може да се смета за добар потег.

Но зошто едноставно не се фикусираме на разновидна исхрана и тука да запреме?

Целата работа кај „чистата исхрана“ е базирана на псевдонаука.

Ако нешто заснивате на невистини, тогаш тие им дозволуваат на луѓето да преземат екстремни акции, а тука почнува штетата.

На пример, никој не може да утврди дека млекото предизвикува болести на зглобовите, но во секој случај припадниците на новата „религија“ не убедуваат дека е подобро да се откажеме од млекото.

Земете бадемово млеко кое е широко нагласено како супериорна алтернатива за кравјото млеко. Тоа е намирница малку подобра од „скапа вода“, која содржи само 0,1г протеини на 100 мл, во споредба со 3,2 г протеини на 100 мл кравјо млеко.

Но често е многу тешко да се уверат луѓето дека ограничувањето на овие „чисти намирници“ во текот на подолг период го влошува нивното здравје попрво од она што тие го нарекуваат „нечиста храна“— избалансираните и разновидните оброци, кои подразбираат и непостоење на паника при консумирањето креми или чоколади.

 

Земете како пример друга теза: со консумирањето на масти, ќе добиете масни наслаги, зарем не?

Веќе многу децении, традиционалниот налин на губење на тежина се заснива на рестрикција на мастите. Денеска, баш како што знаеме, дека умереното земање масти нема да го зголеми нивото на холестерол, знаеме и дека јадењето масти не е она што ги прави луѓето дебели.

Далеку од тоа да биде здраво, исфрлањето на сите масти од исхраната може да биде опасно, затоа што на вашето тело му треба барем омега -3 и омега -6 масни киселини.

Јасно е дека не сите кои ја развиле идејата за „чиста храна“, развиле и пореметување на исхраната – орторексија, но факт е дека движењето чија премиса е „чиста храна“ стана погубно, поставувајќи ја идејата дека добра диета е она диета заснована на апсолутите.

Инаку, орторексија претставува опсесија во консумирањето на храна која е „чиста“ и „здрава“. За разлика од луѓето кои страдаат од анорексија и булимија, кадешто станува збор за количината на храна која се внесува, тие кои страдаат од орторексија опсесивно се занимаваат со квалитетот на храната, проверуваат се што содржат намирниците, избегнуваат „junk food“, до ситни детали ги планираат оброците и константно се на „здравите диети“.

„Твојата храна нека биде твој лек, а твојот лек нека биде твоја храна“.

Многу бескрупулозни луѓе од различни интереси (најверојатно за да продадат некоја нова нутриционистичка глупост заснована на „чиста храна“) ја промовираат оваа, судејќи по се, погрешна Хипократова мисла.

Понекогаш ја користат и реномирани експерти кои го пропагираат концептот на правилна исхрана, и не помислувајќи дека на тој начин ја збунуваат јавноста.

Храната е неразделен дел од човековата заедница, друштвото и културата, но е погрешно да се толкува исклучиво низ аспект на лековитите својства. Да се гледа на храната како на лек може да продонесе за опседнатост при внесувањето на микронутриенти, неправедна демонизација на одредени состојки и преобразување на храната во нешто што не е.

Исто така, краткотрајните диети можат да го засилат впечатокот за „супер-храна“, при што доаѓа до занемарување на долгорочниот ефект на целокупната исхрана во текот на животниот век.

Освен тоа, тоа суптилни влијание на храната на здравјето е само еден од факторите кои влијаат на нас, покрај опкружувањето, генетиката и физичката активност.

Конечно, луѓето кои се болни, се уште мораат да јадат, па храната не им помага да оздрават.

Донекаде е јасно дека избалансираната исхрана може да продонесе за тоа да останете здрави, но лененото семе и киноата не се лек.

И не е претенциозно да се каже дека секогаш кога некој ќе се откаже од медицински третман во полза на алтернативните терапии засновани на диети за лечење на рак, тој го прави тоа заради вербата во флоскулата „храната е лек“.

Псевдонауката и варварството заснивани на таа фраза ги продава книгите за исхраната, пропагира терапии, препорачува суплементи.

Затоа, да не ги потценуваме (и истовремено, да не ги преценуваме) тие две работи: храната е храна, а лекот е лек – и двете го изразуваат својот потенцијал.

На крајот, глупаво е, во очајната потреба за реформи во вашата исхрана, во борбата против глупоста на „чистата храна“,  да завршите како апологисти за комерцијалната храна која не успева во својата основна задача — да ви обезбеди хранливи материи.

Она што е реално кога станува збор за вашиот однос со храната е флексибилниот начин на живот заснован на слобода, кој може да се прилагоди кон вашиот специфичен начин на живот и преференциите. Наместо да ја ограничите „лошата храна“, сконцентрирајте се на исхрана која на телото ќе му обезбеди се што му е потребно за оптимално функционирање.

Избегнувањето на шеќер четири, пет, осум или дванаесет недели, не е одговор.

Нормалните луѓе не се придржуваат до строгите правила врзани за исхраната. Тоа се луѓе кои не ја најгласуваат храната. Тие водат сметка за тоа што јадат, но над се, тие не го истакнуваат тоа. Нивните насоки во врска со исхраната не ги надминуваат прописите за тоа што треба да се јаде, а што да се избегнува и не се базираат на тоа што вели некој нов гуру или нивниот сосед.

Можете да јадете добра разновидна храна, умерено да вежбате и да уживате во она што го јадете. Не мора да прибегнувате кон екстреми за да бидете здрави. Вината и срамот немаат место кога ќе седнете на маса.

Преземено од: www.istinevszablude.wordpress.com