Дали забележувате дека секојдневно се менуваат правилата за тоа која храна е здрава, а која не? (1 дел)

0
649

Не толку одамна на предните полици во продавниците можеа да се видат препознатливи намирници како сирење, јајца, млеко, путер…Сега можат да се сретнат чудни алтернативи како што се леб без пченица, млеко без лактоза, млеко од соја, растителни рирења, замени за јајца, шеќер, и слично.

Слично како идеите на разни религии, и рецептите без јаглени хидрати, рецептите со ниска содржина на протеини или со мал процент на масти, рецептите без глутен или без месо, се шират како своевиден култ, преку медиумите, социјалните мрежи, блоговите и форумите.

Сакате да бидете здрави?

Сакате да бидете витки?

Сакате да живеете колку што е можно подолго?

Тогаш престанете да ја јадете вашата омилена храна која ве труе! Не само што ќе го уништи вашето здравје, ќе ве здебели, туку и ќе ви го скрати животот – порачуваат лобистите на „чистата храна“.

Ако постои идеја, толку погрешна и повеќе од која и да е друга вградена во индустријата на здравје и кондиција, тогаш е тоа идејата дека одредени намирници се лоши за вас. Овој мит е толку вкоренет, што е промовиран од речиси сите гуруа од теретаните, велнес работниците, холистичките тренери, квазинутриционистите, лекарите од јавните здравствебни установи.

Нема сомнеж дека она што го јадете може да има влијание на вашето здравје, на вашите перформанси и на составот на телото, но нема докази дека тоа не може да се постигне додека уживате во храната што ја сакате.

Дали забележувате дека секојдневно се менуваат правилата за тоа која храна треба да се јаде, а која не треба за да бидеме здрави?

Секојдневно разни „стручњаци“со насмевка на лицето и со завидна одважност, ни наметнуваат ригидни и рестриктивни режими на исхрана, револуционерни програми за враќање на природната способност за лекување на сопственото тело, потоа, радикална елиминација на намирници која подразбира исклучување на кофеинот, млекото и млечните производи, алкохолот, јајцата, шеќерот, црвеното месо, пченицата, сиот зеленчук богат со јаглени хидрати, слатка храната, па и овошјето.

Се формира таква атмосфера кадешто разни гуруа пласираат пораки од типот на: хранете се вака и повторно ќе бидете свежи и здрави. Се подоминантна е пораката која се пренесува: обичната храна која би требало да биде доверлива, безбедна и одржлива, почнува да станува нешто што е штетно.

Повеќе не станува збор за диети, туку за цел систем на верување кое пропагира на пример дека кокосовото масло, киноата, интегралниот ориз, лененото семе, авокадото, бадемите, воопшто, храната без глутен, без шеќер, сировата храна или како што експертите сакаат да го кажат тоа, целовитата, непреработена храна – е единствена чиста и здрава.

Многу е тешко да се одреди точниот момент кога почна режимот на исхрана „clean eating”, затоа што тоа не е толку единствена диета, туку диета која ги позајмила идеите од бројни, веќе постоечки диети: малку од палео, малку од Аткинс диетата, малку од сировата исхрана, со уште неколку остатоци од макробиотиката.

Со време станаа популарни две различни, но меѓусебно поврзани верзии на „чиста храна“ — првата заснована на верувањето на „вистинската“ храна и другата, заснована на идејата на детоксикаци. Кога концептот на „чистост“ влезе во доменот на исхраната. Фотографиите на зелените сокови и чиниите со рајска салата, го преплавиа интернет.

Всушност, „чистата храна“ нема објективна дефиниција. Ако прашате различни групи на луѓе која храна е „нечиста“, ќе добиете различни одговори.

Вегетаријанците ќе ви кажат дека е тоа животинското месо.

Веганите ќе ви кажат дека сите производи од животинско потекло се нечисти.

Застапниците на палео диетата ќе ги наведат житарките, мешунките, млечните производи, рафинираните масла, додадената сол, шеќер, алкохол и некои видови на зеленчук.

Поединци ќе кажат дека е тоа заситената маст, црвеното месо, јајцата, транс-мастите.

Заговорниците на исхраната заснована на минимална застапеност на јаглени хидрати ќе кажат дека се тоа јаглените хидрати.

Други како лоша храна ќе ги издвојат: преработената храна, вештачките засладувачи, варената храна или конзервираните намирници, со еден збор – се што не е природно.

Значи, за секоја храна за која едни ќе ви кажат дека е чиста, некои други ќе ја сметаат за нечиста.

Начелно, можеме да издвоиме три потенцијално опасни начини на кои храната може да го загрози вашето здравје, да ви го намали животниот век или да влијае на телесната композиција:

1.      Вишокот на калории кои можат да доведат до прекумерна тежина – која е причина за некои здравствени проблеми;

2.      Недостаток на хранливи материи во исхраната кој може да предизвика одредени заболувања;

3.      Директно попречување на некои телесни функции, што може да предизвика специфични болести.

Технички, сета храна може да биде лоша за вас, ако ја јадете во преголеми количини. Ова ги вклучува и месото, житарките, па дури и зеленчукот.

Луѓето кои слатките, пецивата, газираните пијалоци и „брзата храна“ ги прогласуваат за храна од која се дебелеат, не земаат предвид умерено внесување и на оваа храна, кое е возможно.

Проблемот кој се однесува на прекумерната тежина се сведува на: вишок калории, неумереност во консумирањето, отсуство на физичка активност.

Значи, кратковид преглед не им дава за право на некои било која намирница да ја посматраат изолирано и паушално да претпсотавуваат дека е таа „нездрава“, без оглед на контекстот.

Групирањето на храната на „здрава“ и „нездрава“ е бесмислено и ненаучно. Луѓето често користат произволни и ненаучни средства за класификација на различни намирници. Имате цели системи кои пристрасно ја фаворизираат високомасната исхрана, други кои тоа место го пополнуваат со житарки, трети кои го ставаат акцентот на антиоксидативниот потенцијал на намирниците наспроти фактот дека има многу малку ограничувачки докази дека високото ниво на антиоксиданти во храната има ефект на целокупното здравје.

Треба да се подвлече: најнаучно поддржани решенија кога станува збор за исхраната се балансот и умереноста.

Веганите често веруваат дека е месото отровно и дека предизвикува рак. Некои луѓе тврдат дека фруктозата е токсична, дека предизвикува дебелина и оштетување на црниот дроб. Други пак велат дека се опасно вештачките состојки и преработената храна. Некои, дека генетички модифицираната храна доведува до тумори, дека органската храна е подобра од храната произведена со конвенционален начин. Поединци смeтаат дека заситените масти  предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања.

Но сите овие тврдења се невистинити или надвор од контекст. Секоја храна може да биде штетна во доволмо големи количини. Вистинското прашање е дали таа храна може да го загрози вашето здравје во количини кои обично се консумираат во контекст на мешовитата исхрана. Научно валиден одговор на ова прашање е „не“.

Надвор од спецофичните медицински состојби карактеристични за, на пример, луѓето чувствителни на аспартам, луѓето заболени од целијакии, лицата со тешка алергија на кикирики, луѓето со семејна анамнеза на хиперхолестеролемија, лицата со инсулинска резистенција — практично, не постојат докази дека било која храна може директно да го оштети вашето здравје.

Да се нарекува храната „здрава“ или „нездрава“, важно е да не се изостави ставката: кој јаде и колку јаде.

Високообучен, издржлив спортист, бодибилдер или триатлонец кој вежба неколку часа дневно ќе има значително поинакви потреби за храна во однос на дијабетичар, човек со прекумерна тежина или канцелариски работник. Тоа понатаму значи дека храната која е здрава за една личност може да биде несоодветнас за друга во даден контекст.

Освен тоа, пред да ја отпишете некоја храна како „лоша“ и „нечиста“, мора да ги земете предвид следните варијабили: дали вежбате, колку часа дневно седите, дали имате посебна здравствена состојба која би оправдала избегнување на одредена храна, дали моментално ги исполнувате потребите за макро и микронутриенти, дали сте во калориски дефицит или суфицит, дали сакате да изгубите масти, а да добиете на мускулна маса …

(Продолжува)

Преземено од: www.istinevszablude.wordpress.com