Дебар Маало на Скадарлија

Дека и ние имаме „Скадарлија“, среде Скопје, веќе знаеме...старото добро Дебар Маало. Но еве доказ дека и на Скадарлија слушнале за него

0
486

Убаво е чувството кога шетајќи по старата калдрма на боемската Скадарлија во Белград, ќе здогледате патоказ на кој, меѓудругите, има и патоказ до скопската „Скадарлија“ – Дебар Маало.
Додуша, во нашата Скадарлија и покрај сите боеми и боемки, во кафеаните не се пуши, што не е случај со соседна Србија кадешто, освен што добро се јаде, се пуши, се пие, а некаде е дозволен и влез за домашните миленици.