Дебели американски палачинки

0
600

Состојки:

130 г брашно

20 шеќер

5 г прашак за пециво

Пола лажичка сода бикарбона

1 јајце

60 г путер

250 мл кисело млеко

Сол

Јаворов сируп за прелив

Приготвување:

  1. Во еден сад измешајте ги брашното, прашакот за пециво, содата, солта, шеќерот, 30 г стопен путер и киселото млеко.
  2. Ставете капак и оставете ја смесата да стои 30 минути, а потоа уште еднаш добро измешајте ја.
  3. Загрејте ја рингла тавата за палачинки и ставете неколку капки стопен путер, а потоа испечете ги палачинките и редете ги на чинија. Во секоја чинија ставајте по 4-5 палачинки, на најгорната ставете коцка путер и прелијте ги со јаворов сируп.