Денеска е светски ден на пастата

Од првото издание, одржано во 1998 година во Неапол (Италија), прославата помина низ различни земји, но сите тие обединети од една страст: тестенините!

0
344

Постојат многу теории за нивното настанување. Толку многу видови кои можеме да ги одбереме. Голем број различни сосови со кои можеме да ги комбинираме. Станува збор за тестенините, а денешниот ден – 25.Октомври, е светски дена на пастата и годинава ќе биде прославен во Сао Паоло, Бразил.

Иако според многумина, мајка на тестенините е Италија, други теории зборуваат дека тестенините први ги откриле Кинезите, а во Италија ги донел Марко Поло (1295.година) или дека за нивното настанување се „одговорни“ Арапите. Кој и да е заслужен за нивното настанување, пастата е секако едно од оние јадења кои се консумираат на сите континенти.

Пастата е често избор број 1 кога станува збор за нарачување на храна, но додека бројните домашни ресторану најчесто нудат избор помеѓу славните шпагети, пене или фузили тестенини, ширум светот се познати бројни видови на пасти со различни облици.

Времичели

Познати се и како мали црви, малку се потенки од шпагетите и можат да се комбинираат со различни сосови, а често се консумираат и како салата.

Оречете

Тие настанале во италијанскиот регион Апулиа. Имаат облик на мали уши и обично се служат со парченца домати или како салата.

Пене

Настанале во италијанскиот регион Кампиниа и познати се како „Quills“ или „Feathers“ . Идеални се во комбинација со сос од домати и месо, но можат да се комбинираат и со сечкано месо или зеленчук. Освен тоа, одлично одат со кремави сосови и сосови врз база од масло.

Лазањи

Нивното име потекнува од латинскиот збор „lasanum“ што во превод значи лонец за варење. Најчесто се подготвуваат со сечкан зеленчук, кашкавал и било кој сос, а одлични се и кога ќе се оладат.

Радиатори

Тие одлично одат со било кој сос, а се користат и за подготвување на салати и супи.

Равиоли

Тестенина која потсетува на мали перничиња со форма на ромбоиди, се полнат со различни состојки, а можат да се послужат со црвен сос или со путер.

Фарафел

Тестенини во облик на панделки со кои секое јадење можете да го направите поинтересно токму поради нивниот необичен облик. Многу се тенки и како такви одлично одат со било кој вид на сос, со салати и со супи.

Папардели

Нивното име потекнува од италијанскиот збор „pappare“ што значи – да се изеде. Одлично одат со болоњез сос, со јастог, пилешко и со печурки.

Фаготини

Во превод значат мали кошнички. Се подготвуваат такашто тестенината се витка околу мешавината од зеленчук, рикота, моркови и маслиново масло.

Кончини

Се прави од пченица и има облик на школки. Често се консумира како салата од тестенини, но одлично оди и со сос со парченца месо, а бидејќи сосот се задржува во внатрешноста на школката, тоа им дава особено убав и сочен вкус.

Каплеини

Многу тенка паста која потсетува на шпагети а најчесто се јаде со многу малку пропржен зеленчук.

Маникоти

Паста во облик на туба, многу е тенка, но крута, а се полни со рикота и со спанаќ.

Шпагети

Во превод значат должина на кабел а одлично одат со било кој вид на сос. Се консумираат и како додаток на готвени јадења или пржени.

Канелони

Уште една тестенина во облик на туба која се полни со сос што традиционално се состои од рикота, мелено јунешко или спанаќ во бешамел сос или во сос од домати.

Мафалде

Тестенина од јајца во облик на ленти, долги и со средна дебелина. Најчесто се служи со сос од домати и со зеленчук.

Манифестацијата „Светски ден на пастата“, оваа година се одржува под насловот „Feeding the planet, energy for life”, па ви предлагаме овој ден да го прославите на соодветен начин – направете или нарачајте вкусна паста по свој избор и препуштете му се на уживањето со чаша вино, иако денеска не е ден на виното.