Десерт „слатки бакнежи“

Скршете ги јајцата одвојувајќи ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги со шеќерот додека да добиете пенеста смеса.

0
533

Состојки:
4 јајца
100 г брашно
20 г шеќер во прав
80 г шеќер
½ ќесичка ванилин шеќер
250 г мармалад од портокал
200 г чоколадa за готвење

Приготвување:

  1. Скршете ги јајцата одвојувајќи ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги со шеќерот додека да добиете пенеста смеса. Потоа, постепено додавајте го брашното во кое сте го измешале ванилиниот шеќер. Белките изматете ги во цврст шлаг со шеќерот во прав, па малку по малку и оваа смеса додајте ја во смесата со жолчките.

2. Откако двете смеси ќе ги соедините и измешате, добиеното тесто префрлете го со готварски шприц. Садот за печење обложете го со хартија за печење, па на него со шприцот формирајте дискови со дијаметар од околу 5 сантиметри.
Колачињата печете ги 20 минути во рерна на 170 степени, па оставете ги да се изладат.

3. Откако ќе се испечат, земете по две колачиња кои ќе ги залепите со малку мармалад меѓу нив. Потоа чоколадата растопете ја на пареа, па секое од колачињата потопете го до половина во чоколадата.

4. Оставете малку да се зацврсти чоколадата и уживајте во неодоливиот вкус на овој десерт.