Десерт во чаша

0
468

Состојки:

1 поголемо авокадо

4 банани, излупени и замрзнати

4 големи лажици какао во прав

2 урми

1/4 лажичка цимет

500 мл кокосово млеко, изладено

1/2 лажичка екстракт од ванила

1 лажица јаворов сируп

200 г вишни

Приготвување

  1. Авокадото, бананите, 4 лажици какао, урми и цимет измешајте ги во блендер додека не добиете компактна смеса.
  2. Кокосовото млеко измешајте го со миксер во шлаг, помешајте ги јаворовиот сируп и ванилата и мешајте уште неколку минути.
  3. Во чаша наредете ги во слоеви авокадото и бананите, потоа слој вишни, па шлаг од кокосово млеко и се така додека не се потрошат сите состојки.
  4. Смесата е доволна за две чаши.