Џек О’Шеј, месар со изглед на рок-ѕвезда

Најдобриот месар во Европа се вика Џек О’Шеј, Ирец со место на живеење во Брисел. Повеќе личи на рок ѕвезда отколку на месар, но може да се каже дека е рок-ѕвезда меѓу светските топ месари.

0
208

Џек О’Шеј е Ирец со место на живеење во Брисел. Повеќе личи на рок ѕвезда отколку на месар, но може да се каже дека е рок-ѕвезда меѓу светските топ месари. Потекнува од месарска династија и овој занает му е во гените. Џек О’Шеј е еден од водечките европски касапи – топ касап во Велика Британија и Белгија, каде што ја отворил својата прва продавница по осамостојувањето од неговото месарско семејство.

jack_o_shea_chophouse_brussels_smarksthespots_blog_03

За секое парче месо што ќе го купите во неговата месарница во Брисел ќе добиете детални информации за тоа кој го одгледал животното, кога е заклано, како да го приготвите…Интересно е тоа што таму владее по малку свечена атмосфера. Но можни се и изненадувања. На пример, може да се случи Џек наеднаш да извади тава и да почне среде малата продавница да пече бифтек. Откако ќе го испече им го дели на присутните купувачи.

Тој самиот ги обиколува и одгледувачи кои го снабдуваат со месо за да може да се увери во какви услови живеат животните. Затоа што само најдоброто е доволно добро. Поседува цел сет инструменти за сечење на месо, но секој од нив има своја функција. Посебна атракција е тоа како е месото и неговите преработки се распоредени во витрините.

52691_field_base_image_system_base_imagesИако е таму месото за 30% поскапо отколку во другите продавници, тоа не ги спречува муштериите да чекаат во ред за да купат квалитетно парче месо колку и да чини.

Меѓутоа, за неговото име е поврзана и една контроверза. Имено, во ноември 2008 година, О’Шеј отворил штанд во Селфриџ салата за храна на Оксфорд Стрит. Кога во 2009 година поранешната ѕвезда Сер Роџер Мур познат по улогата на Џемс Бонд водеше кампања Селфриџ да престанат со продажба на foie gras, односно, паштета од патка, најпознатиот француски деликатес направен од џигер на гуска или патка кои насилно се гојат со пченкарно брашно, во периодот до Божиќ 2011 година, еден купувач забележал дека на штандот на О’Шеј овој деликатес се продава под тезга. О’Шеј е исфрлен од продавницата и во таа пригода изјавил дека веројатно поради тоа ќе настрада неговиот бизнис но дека неговата совест е чиста. „Не гледам зошто е нехумано да се хранат патките прекумерно со жито…тоа е како мене да ме полнат со кутии Гинис“, рекол О’Шеј.