Диета за чистење на црниот дроб

А што е тоа што толку брзо го напаѓа црниот дроб освен, се разбира, алкохолот и кофеинот?

0
554

Кога станува збор за здравјето на црниот дроб, не се проблем само алкохолот и кофеинот, туку и нездравата храна, конзервансите, адитивите, вештачките бои, транс-мастите, рафинираниот шеќер,…

Сепак, вината не е само наша. Во последните 100 години, глобално гледано, животот на Земјата стана поотровен. Само во тој период се развиени дури 100.000 хемикалии. Токсините кои стасуваат во нашиот црн дроб можат да се „вселат“ во организмот и преку воздухот, но и преку козметичките производи што ги користиме.

Ако не обрнувате внимание на детоксикацијата на организмот, посебно на чистењето на црниот дроб, веројатно ќе дојдете во состојба на малаксаност, слабост, висок холестерол, хормонски дисбаланс, проблеми со кожата, лош здив и мирис на телото, засилено потење, несоница, нервоза,…

Тоа е знак дека е време да преминете на диета за чистење на црниот дроб или долготрајно ќе го нарушите своето здравје.

Поради денешното темпо на живот секому, некому повеќе, некому помалку, му е потребна одвреме навреме детоксикација на црниот дроб.

Со исхрана со одредени намирници во одреден период можете да решите многу од наведените проблеми. Веќе по извесно време ќе забележите дека енергијата ви се вратила, дека кожата ви светнала, дека добро спиете и дека здраво слабеете.

Диета

Новиот режим на исхрана за чистење на црниот дроб би требало да трае барем еден месец.

Во првите три недели се препорачува комплетно да ги исфрлите од употреба алкохолот и кофеинот, но и млечните производи, пченичните производи, црвеното месо, брзата храна и шеќерот. Секако, ова е идеален момент да ги оставите и цигарите.

Некои луѓе тргнуваат малку поекстремно, па во првите два дена (или само еден) не консумираат ништо освен филтрирана вода и чаеви, а потоа постепено воведуваат храна.

Почнете го утрото со шолја топла вода со лимон – на празен стомак.

Јадењата приготвувајте ги со ладно цедени масла, најдобро со маслиново.

Од храна, во прв ред на масата нека ви бидат јадењата со зелка, прокељ, брокула, кромид и лук, цвекло, спанаќ, блитва, зелени салати, …

За појадок јадете јаткасти плодови и семки (сирови или потопени во вода), а во исхраната вклучете и глуварче и куркума. Можете да правите смути од листови на глуварче, а во исхраната воведете што повеќе сирова храна и свежи сокови. Можете да пробате и со песто од коријандер, со целер и моркови. Можете да измешате во блендер и моркови и портокали кои се исто така добри за чистење.

Еве едно смути кои може да биде ваш избор за појадок: помешајте во блендер 1 цвекло, исчистено и изрендано, 2 морковчиња со средна големина, пола црвена пиперка, 1 излупен портокал, 1 јаболко, малку ѓумбир и 1 шолја рендана зелка (најдобро виолетова).

Начин на живот

Покрај исхраната, морате да внимавате и на начинот на живот.

Ноќни излегувања, недоволно сон, премалку вода, многу алкохол и брза храна, секако, не се дозволени.

Обидете се да бидете што поумерени, а посебно во овој детокс период.

Вежбајте и преку потта исфрлете ги токсините, а не е лошо, ако имате можност, да поминете некое време и во сауна.

По детоксикацијата на црниот дроб со помош на оваа храна, луѓето ретко се враќаат на нездрав начин на живот. Секако, многу од нив си дозволуваат некои мали слатки грешки, но не забораваат од време на време да го наградат црниот дроб со здраво смути.

Фото: Pixabey