Дилеми: Дали јафа колачите се кекси или колачи?

0
771

Кекси или колачи? Оваа дилема првпат се појавила во 1991 година. Постои интересна приказна за тоа што е всушност Јафа: Кекс или колач? Сите ги знаеме оние вкусни мали колачиња, со подлога од тесто и мала сунѓераста структура (во оригиналната верзија тоа е портокалово желе) со чоколадна „капа“ и се веројатно најголемиот изум на Велика Британија по парната машина и сијалицата. Но дали се Јафа колачите-кекси или колачи?

Англискиот производител Mc Vitie’s овој производ го класифицира како колач (cake), а работата е во тоа што во Англија обичните кекси и колачите прелиени со чоколадо не се оданочени. Од друга страна, кексите прелиени со чоколадо се сметаат за луксузни производи и како такви се оданочуваат со 17,5%. Токму затоа Mc Vitie’s се одлучил овој производ да го претстави како колач.

Дилемата настанала заради големината и обликот на самиот производ кој повеќе личи на кекс отколку на колач. Се поставило прашањето „кои се критериумите за дефинирање на колачите?“ Mc Vitie’s на почеток го бранеле својот став такашто направиле голем Јафа колач за да докажат дека Јафа колачињата се во суштина само мала верзија од истиот.

Секако, целата приказна морала да биде поткрепена и со конкретни докази, а пресудна била различноста на својствата на бајатите кекси и на својствата на колачите. Производителот тврдел дека колку што е колачот побајат станува потврд, додека, спротивно на ова, колку што се кексите постари, толку се помеки. Истражувањето за кое Јафа колаче го оставиле да стане бајато покажало дека тоа се стврднало, па судот донел одлука дека Јафа колачот е сепак колач и како таков не се оданочува.

Колач или кекс, за нас е сеедно, но она што е заедничко за сите вистински љубители и консументи на Јафа колачите е тоа што ретко кој ги јаде такашто ќе ги „смачка“ во еден залак. Не, не, јафа колачите заслужуваат посебен третман: Прво се грицка тестото во круг додека не остане само портокаловото желе со чоколадниот прелив, па или прво се лиже чоколадниот прелив, па на крајот се јаде портокаловото желе или се земаат две колачиња па се редат деловите од портокалово желе еден врз друг, и се гризат полека како сендвич или…