Добитна комбинација: модри патлиџани, домати и босилек

Каде и да се свртите има изобилие од модри и црвени патлиџани. Па има ли нешто поубаво од оваа комбинација?

0
287

Ако сте љубител на модрите патлиџани, знаете дека ним не им треба многу…измијте ги ставете ги на малку путер или маслинов зејтин, наредете им по едно тркалце домат, ставете капак и почекајте да омекнат.

Додадете сол и свежи листови босилек, а ако баш сакате, односно, немате дома некој што мисли дека лукот смрди, ставете и лукче.

Малку сирење, маслинки и вашиот ручек е готов.