Добитна комбинација: Сирење и вишни

Иако обично во рецептите за ваквите колачи со сирење, пишува дека треба да ставите маскарпоне, ние имаме и поефтина, а не помалку вкусна варијанта-онаа со свежа, несолена урда

0
75

Тиквата во чинијата е само бонус за оние што не сакаат да го пропуштат ниту десертот, ниту парче вкусна печена тиква.

Состојки:

За тестото:

300 г брашно

200 г путер

100 г кафеав шеќер

1 јајце

пола лажичка рендана кора од лимон

прстофат сол

1 ванилин шеќер

За кремот:

500 г несолена урда

100 г шеќер

2 кесички ванилин шеќер

50 г пудинг од ванила во прав

4 јајца

200 мл слатка павлака (ако немате слатка, може и кисела павлака)

300 г замрзнати вишни

Приготвување:

Измешајте ги состојките за тестото и обликувајте го со прсти според калапот за колач во кој ќе печете.

Гледајте страните од тестото да останат залепени за рабовите за да не истече кремот.

Ставете го да се пече десетина минути на 170 степени, а во меѓувреме вие изматете ги состојките за кремот.

Извадете го калапот и истурете го кремот одозгора. Наредете ги вишните и вратете го во рерна. Продолжете да печете уште 40-50 минути, во зависност од јачината на рерната, на 150 степени.