Поразителна анкета: Долгото работно време негативно влијае врз здравјето на шефовите

0
199

Порталот Fine Dining Lovers неодамна ги објавил резултатите од анкетата спроведена во Обединетото кралство и во Ирска, а на тема – прекувремените/долги работни денови на шефовите. Од 269 испитаници (британски шефови), 44 отсто изјавиле дека работат помеѓу 48 и 60 часа неделно, додека 14 отсто изјавиле дека работат повеќе од 60 часа неделно.

69 отсто од шефовите веруваат дека прекувремената работа негативно се одразува врз нивното здравје, а повеќе од 79 отсто тврдат дека имале несреќни случаи на работното место предизвикани од замор, а 51 отсто страдале од депресија поради прекувремената работа. 29 отсто од шефовите признале дека консумираат алкохол за полесно да ги пребродат напорните смени, а 56 отсто од нив изјавиле дека користеле лекови против болки или други стимуланси.

Каква е ситуацијата во Македонија?