Домашен еурокрем

Баталете Нутела и слични варијанти на толку саканиот „еурокрем“. Еве здрава и вкусна алтернатива за љубителите

0
462

Слободно дајте им на децата да ја изедат цела порција.

Не ви треба ништо освен:

1 авокадо

една рака урми без семки

2-3 лажици какао во прав

Приготвување?

Ништо полесно, измешајте се во блендер и јадете без гајле. Сите состојки се здрави, а по желба, доколку сакате вкус кој ќе биде посличен на Нутела, можете да додадете и мелени лешници.