Домашен мармалад од цреши

Подгответе вкусен мармалад од цреши со природни состојки, без никакви додатоци

0
600

Состојки:

1/2 кг цреши

200 г шеќер

1 лимон

Малку екстракт од ванила

1 стапче цимет по желба

Приготвување:

Измијте ги црешите и извадете ги семките. Помешајте ги со шеќерот, поклопете го тенџерето и оставете ги 12 часа во фрижидерот.

Повремено мешајте.

По 12 часа исцедете ги црешите и ставете го во тенџере само сокот.

Варете го 20 минути, додека малку не се згусне.

Во меѓувреме, излупете го лимонот.

Ставете од екстрактот од ванила во црешите.

Исцедете го лимонот и додадете го и него кај црешите. Ставете ја кората од лимон и по ваша желба, стапче цимет, во газа. Во тенџерето во кое е сокот од цреши, додадете ги црешите и пакетчето од газа. Варете 10 минути. Извадете го пакетчето и добро исцедете го. Варете уште 15 минути.

Изгасете го огнот и префрлете го мармаладот во стерилизирани тегли. Затворете ги и свртете ги наопаку.

Оставете ги да се изладат и ставете ги на ладно и темно место.